ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови

Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски 4177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција. Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница.
Одѕивот на гласачите е 54, 29 отсто односно на гласање излегле 8. 820 избирачи.

Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ на прес-конференција изјави дека гласањето минало во фер и демократска атмосфера.
Приговори за гласањето може да се поднесат до вторник.
Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето. Приговорите може да се поднесуваат најдоцна до вторник, 3 ноември до 19 часот. ДИК е должна во рок од 72 часа по приемот да донесе одлука во однос на приговорот, а против одлуката на ДИК подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на жалбата.
ДИК конечните резултати од изборите ќе ги објави веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по завршување на нивната конечност а тоа значи 24 часа по завршување на целосната постапка по приговорите.
- Ги очекуваме записниците од сите избирачки места и утре во текот на денот ќе закажеме седница за соопштување на првичните официјални резултати - најави Маричиќ на прес-конференцијата.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот „Евроинтеграциите и Македонија“ со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
-

Народна банка: Алта банка продолжува да работи, се бара нов сопственик
-

Интерпелација за Славески и надзорна комисија за работењето на Алта банка
-

Уапсен сопственикот на Алта банка во Србија
-

ДУИ ја слави Брвеница, владејачките партнери си ја префрлаат вината
-

Сиљановска-Давкова со честитка до Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија
-

Поскапуваат горивата
