Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, осудена во Иран на уште 7,5 години затвор

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, е осудена на седум и пол години затвор во Иран, објавија денеска нејзините поддржувачи и адвокатот.
„Осудена е на шест години затвор поради ’здружување и заговор“, и една и по година поради ’пропаганда“, како и двегодишна забрана за патување“, напиша адвокатот.
Таа беше уапсена на почетокот на декември минатата година на комеморација на еден адвокат за човекови права кој беше пронајден мртов. Од затвор претходно беше ослободена во декември 2024 година од медицински причини.
Иако требаше да биде слободна само три недели, таа остана подолго, веројатно затоа што активистите и западните земји вршеа притисок врз Иран да ја задржи на слобода.
Мохамади го продолжи својот активизам со јавни протести и појавувања во странски медиуми, вклучително и демонстрации пред затворот Евин во Техеран, каде што беше држена.
Оваа 52-годишна активистка е осудена и затворана неколку пати во текот на изминатите 25 години за нејзината работа против задолжителното носење превез за жените во Иран и против смртната казна. Таа го помина поголемиот дел од последната деценија во затвор.
МИА
Ново на Сител
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
