Доделувањето „Златен глобус“ преместено за февруари

Свеченоста на доделувањето на наградите „Златен глобус“ ќе се спроведе во февруари 2021 година, соопштија организаторите на официјалната интернет-страница.
„Утврден е нов датум за 78-та церемонија за доделување на наградите „Златен глобус“ 2021 година. Со задоволство соопштуваме дека настанот ќе се одржи во недела на 28 февруари 2021 година. Свеченоста ќе биде емитувана во живо од телевизиската компанија Ен-би-си од „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија“, се вели во известувањето.
Обично, наградите се доделуваат првата недела на јануари, но сега тоа е поместено поради пандемијата на коронавирусот.
Наградата „Златен глобус“ ја врачува Асоцијацијата на новинари од странство, акредитирани во Холивуд. Се доделува еднаш годишно и, по престиж, е на второ место, по Оскарот. Одличијата опфаќаат 25 категории од областа на филмот и телевизијата. Наградите биле востановени 1943., од осум новинари од странство. Првото доделување се одржало 1944 година. Победниците денес се определуваат од 93 членови на Асоцијацијата.
Ново на Сител
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
