Дојран ќе ги пречека туристите во ново руво
Новата туристичка сезона Дојран ќе за започне со нови содржини и нов, изменет лик но централното подрачје. До крајот на овој месец се очекува комплетно да заврши реализацијата на проектот насловен ,,Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија,, финансиран од ЕУ и Владата преку кој се уредуваа површина од околу 36.000 метри квадратни.Со проектот освен нови парковски содржини туристите ќе добијат и нови детски игралишта, игралишта за домашни миленици, и простор за рекреативни друштвени игри.
„Тоа беше реализирано преку две поединечни тендерски постапки кои што би требало да завршат до крајот на мај и спремни да ги дочекаме туристите, односно со разубавени содржини, нови детски игралишта, со содржини за домашни миленици, со паркови и зеленила, така што сето ова ќе значи и плус за нас како локална самоуправа, но и како туристичка дестинација“, вели Анго Панов - градоначалник на Општина Дојран.
Дел од понудата оваа сезона во Дојран ќе биде и обновената плажа Калдрма во Нов Дојран која важи за една од најстарите плажи во овој туристички центар, но реконструираните културно историски споменици како што се саат кулата, турската бања и пристапните патеки до нив.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
