Дождот ја одложи сеидбата на ориз
За едни бериќет, за други зијан. Врнежите од дожд во месеците април и мај, за земјоделците кои одгледуваат лебно зрно и јачмен се вистинско богатство, зашто овозможуваат плодна реколта од посевите, но за оризопроизводителите се покажаа како вистински проблем.
Површините кои треба да се посеат со ориз не се подготвени, а веќе се полни со вода. Додека не се исушат, нема влегување и обработка на почвата.
„Овој дожд го направи своето, многу лошо ќе биде. Оризите се полни со вода, а не е изорано, не може механизацијата да влезе, да се обработат површините и тоа е целиот проблем. Оризот е најтежок за работа, постојано сме во вода и во кал, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од село Облешево.
Доколку и понатаму остане идентична хидролошката состојба како изминативе денови, сеидбата на „белото злато“ ќе доцни, што ќе значи скратување на рокот за вегетација и ниски приноси.
Сеидбата ќе касни за 20 денови, значи пак ќе се сее во ниедно време. Ако заврне уште еден дожд, нема ниту да се сеат, односно, над 1500 ха ќе останат не посеани, додаде Арсов.
До пред само еден месец се стравуваше дека ХС „Брегалница“ ќе нема доволно вода за да одговори на потребите за наводнување. Сега браната „Калиманци“ се полни до својот максимален капацитет, но повторно под знак прашалник е претстојната сеидба.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар