Државниот врв со честитка до верниците што денеска го прославуваат Божиќ

Католичките верници денеска го одбележуваат Христовот раѓање-Божиќ. Католиците во Македонија го одбележуваат со миса во црквата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, на која годинава присуствуваше и претседателката на Македонија.
Таа во својата честитка напиша: „Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат вербата во подобра иднина“
Честита испрати и спикерот Гаши.
„Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување, вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава“, порача Гаши.
Честита испрати и премиерот Христијан Мицкоски.
„Да подадеме рака кон нашите ближни и нашите сограѓани, без оглед на разликите, на оние на кои им е потребна нашата помош, на најранливите категории и на сите оние кои се соочуваат со предизвици. Божиќ е празникот на дарувањето и споделувањето на меѓусебна љубов и разбирање. Нека Божиќната светлина ги осветли нашите заеднички цели кон подобро утре!
„Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина“, напиша и лидерот на СДСМ.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
