Два активни пожара, три ставени под контрола
Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени под контрола. Изминатото деноноќие, до осум часот утрово, на територија на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 13 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Нискостеблеста вегетација гори во подрачјето на селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени. Мешана шума гори во регионот на селото Никуштак во општина Липково.
Ставени под контрола се пожарите во општините Гевгелија, Македонски Брод и Гази Баба. Станува збор за приземен пожар на планината Кожуф, опожарена мешана шума во „Јасен“, како и запалено ѓубриште во „Вардариште“.
Изгаснатите пожари биле на територија на општините Арачиново, Валандово, Делчево, Илинден, Кавадарци, Куманово, Липково, Радовиш, Свети Николе, Чешиново - Облешево. Останатите три биле во подрачјето на општина Струга.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Во АНБ се следеле комуникации на новинари, јавен обвинител, поранешен министер, но и премиерот Мицкоски
-
Обвинетиот за нападот врз Арсовска тврди дека е тој жртва, го удрила со нога
-
Обвинение за нападот на млади фудбалери
-
Почнуваат активностите за третата фаза од пругата кон Бугарија
-
Владата ќе формира ресурсен центар кој ќе ги помага општините кои немаат капацитет да аплицираат за проекти
-
Кандидатите за Скопје и Чаир со ветувања за јавен транспорт, хигиена и спортски објекти
-
Тројца повредени од трагедијата во Пулс се уште во болница