Два случаи на семејно насилство во Штип

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип соопшти дена на територија на општина Штип се случиле два случаи на семејно насилство. Првиот случај е регистриран денеска во раните утрински часови, кога татко физички го нападнал малолетниот син.
- На ден 15.07.2026 во 6.40 часот во Штип , полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода 38 - годишниот С.Д од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал малолетниот син. По целоцно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава-соопштија од СВР-Штип.
Вториот случај се случил синоќа во 19.10 часот, кога полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 39 годишниот Р.С од Штип, по претходна пријава дека околу 18.30 часот пред семејниот дом на неговата 35 - годишна поранешна сопруга, фрлал тврди предмети, а потоа физички ја нападнал. Од СВР Штип наведуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
