Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус

Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија денеска од СВР Струмица.
-На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот, се наведува во полициското соопштение.
Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
-

Преглед на вестите од светот
-

Лидерска средба за реформски закони и укинување на техничка влада, само СДСМ не присуствува
-

Македонија ќе се задолжи со нови 1 милијарда евра, издадени две еврообврзници
-

Струмичката епархија и годинава ги изнесе моштите на Свети Василиј Велики на поклонение пред верниците
