Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
Попладнево во Велес момче дошло во семејната куќа на својата девојка и прво неа и нанело повеќе убоди од нож а потоа и на нејзиниот татко. Потоа момчето си пресудило и на себе си.
-Две лица, едно женско и едно машко, се донесени во Ургентен центар на ЈЗУ Општа болница Велес, попладнево по 16:00 часот. Прво дежурни лекари специјалисти по хируршки болести примиле женско лице избодено со нож на повеќе места на телото и се обиделе да го реанимираат но не успеале.
Потоа, исто така, примено е и момче на кое не можело да му се укаже лекарска помош бидејќи не давало знаци на живот. Лекарите во двата случаи над пациентите констатирале смрт, изјави д-р Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.
Потпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска најави официјална информација за немилиот настан.
Неофицијално жртвата неколку пати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а исто така имало и случај со палење на возилото на жртвата.
Ново на Сител
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани
-
Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево