Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап

Женската македонска ракометна репрезентација утре во Велење го игра последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Националниот тим веќе втор ден е во Словенија, каде се одработуваат последните тренинзи.
Противникот е фаворит и репрезентација која веќе има изборено пласман на Европското првенство.
-Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден, изјави Ивана Џатевска.
Почетокот на натпреварот е во 18 часот, кога се играат и другите дуели од останатите групи заради регуларност. Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани од шесте групи, како и четири од третопласираните селекции. Женската македонска репрезентација ќе го освои третото место во групата и има шанси за пласман на ЕХФ ЕУРО 2026.
МИА
Ново на Сител
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
