-->
-->
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-->
Активни се четири од вкупно 25 пожари на отворен простор заклучно со 19:30 часот. Три пожари се под контрола, а 18 се изгаснати, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Василево, с.Нивичино, каде гори нискостеблеста шума, во Македонски Брод, во с.Грешница, со зафатена мешана шума и ниска вегетација, како и помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа, каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, и во Прилеп помеѓу селата Царевиќ и Смолани, мешана шума и ниска вегетација.
Под контрола се шумскиот пожар во Желино, како и пожарите во тетовско Фалише (ниска вегетација) и во Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата