Еден загинат, најмалку 14 ранети во руски напад врз Одеса во текот на ноќта
Најмалку едно лице е убиено, а најмалку 14 лица се ранети во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Одеса на Црното Море во текот на ноќта, при што се оштетени високи згради и железничка инфраструктура, соопштија локалните власти.
Одеса е најголемото црноморско пристаниште во Украина, клучен центар за увоз и извоз, и е под постојани ракетни и беспилотни напади од Русија од почетокот на војната.
-И покрај активната работа на силите за воздушна одбрана, има штета на цивилната инфраструктура, вклучувајќи станбени згради, универзитет, гасовод и приватни автомобили, изјави регионалниот гувернер на Одеса, Олег Кипер, на мрежата Телеграм.
Тој објави фотографии од запалени куќи и јагленисани повеќекатници.
Локалните служби за итни случаи соопштија дека се извршени најмалку 10 напади со беспилотни летала врз станбени згради, предизвикувајќи огромни пожари.
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека Русија испратила 86 дронови против Украина во текот на ноќта.
Војската соопшти дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 34 дронови, додека 36 дронови биле или изгубени или биле имитации на дронови кои не носеле боеви глави.
Сепак, војската соопшти дека дроновите погодиле осум населени места.
Украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“ соопшти дека железничката станица во Одеса била оштетена во нападот, при што биле оштетени електрични жици и пруги.
Во текот на ноќта, руски дронови го нападнале и Харков во североисточна Украина, оштетувајќи неколку приватни и повеќекатни куќи, објавија локалните власти во Харков.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори