Македонија
10. March 2021 - 16:34
Еден загинат во сообраќајка во Струмица
48-годишен маж го загуби животот во тешка сообраќајна несрeќа која се случи попладнево на регионалниот пат Струмица - Берово во близина на раскрсницата кај селото Сарај. Во несрeќата учествувале патничко моторно возило и камион. Засега не е познато како дошло до неа и што ја предизвикало истата.
Од МВР само го потврдија настанот, но детали најавија по завршувањето на увидот. Она што во моментов е познато дека возачот им подлегнал на повредите на пат кон струмичката болница.
Од болницата информираа дека 48-годишниот маж кај нив бил примен без знаци на живот со тешки повреди на главата и најверојатно починал на лице место. Тој не бил сам во возилото што го управувал, заедно со него имало уште едно лице, но тоа поминало без повреди.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
