Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие едно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство.
На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(37) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 40-годишна партнерка од тетовско дека од април 2026 година, по прекинувањето на нивната врска, континуирано ја следел низ градското подрачје и телефонски ја вознемирувал од различни броеви, а откако одбила да ја продолжи врската упатувал и закани на неа и нејзиното семејство.
На 12.06.2026 во 13:45 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, нејзината 56-годишна свекрва С.О. го оштетила нивното возило „пежо боксер“ и со употреба на физичка сила ја извадила од возило и ја турнала на земја, при што се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На 12.06.2026 во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.А.К.(53) и А.А.Р.(56), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.06.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, физички ја нападнале нивната 16-годишна ќерка и внука. Според пријавеното, таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзината мајка Ѓ.А.К., но досега не било пријавувано.
На 12.06.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишник од Скопје пријави дека околу 14:00 часот пред неговиот стан на подрачјето на Бит Пазар, неговата тетка А.Н. му упатувала закани и се обидела насилно да влезе во станот, по што истурила боја пред влезната врата. Според пријавеното, таа ѝ претходно доаѓала пред неговиот дом. За настанот е известен јавен обвинител.
На 12.06.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од скопско пријавила дека околу 19:00 часот во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ш., со кого не живеат подолг временски период.
На 12.06.2026 во 13:10 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, поради претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил физички нападнат од неговиот внук. С.О(42).
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
