-->
-->
ЕК предложи 280 милиони евра помош за поплавените реони во Австрија, БиХ, Молдавија. Полска, Словачка и Чешка
-->
Европската комисија иницира поддршка во вкупна вредност од 280 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ (ЕУСФ) за обнова на реоните во Австрија, Босна и Херцеговина, Молдавија. Полска, Словачка и Чешка, кои беа погодени од големи поплави во септември и октомври 2024 година.
Минатата година овие земји беа зафатени од бурата „Борис“, проследена со поројни дождови, кои предизвикаа големи поплави и сериозни материјални штети.
Комисијата сега предлага со овие средства од Фондот за солидарност да се финансираат поправката на оштетените објекти, поддршката на погоденото население, подобрувањето на превентивната инфраструктура, заштитата на локациите со статус на културно наследство и операциите за расчистување на теренот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ