Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ
Ценовна и финансика стабилност, кои ќе бидат поддршка на амбициозните владини политики. Ова се приоритетите на новиот гурнер на Народната банка, Трајко Славески. Вели дека ќе ја оправда дадената доберба и ќе ја зачува независноста на Централната банка.
Според неговите анализи, денарот од 2022 та е апресиран , односно натцененет во однос на другите валути, па затоа ќе преземе мерки, за да се врати изгубената конкурентност на домашните компании. Какви, Славески не обелодени.
„Очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но овде сакам да кажам една работа пошироката јавност е фокусирана на она што се нарекува номинален девизен курс, кој очекуваме да биде фиксиран, но јас како професионален економист го следам и реалниот девизен курс, кој зависи од односот на нашите домашните цени и цените со нашите трговски партнери пред се оние во еврозоната. За жал, во изминатиот период особено по 2022 година имаме значителна реална прецијација на реалниот девизен курс, а тоа се должи на високата инфлација кај нас, која беше повисока во просек од онаа во еврозоната. Реалниот девизен курс на денарот од 2002 година ноември до јануари од оваа година е зајакнат за 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апресирано цели 9 проценти“, изјави Трајко Славески, гувернер на Народната банка.
На прашањето дали ќе се менува курсот на денарот, Славески убедува дека ќе остане стабилен.
-Фиксниот девизен курс останува, додаде Славески.
Ова значи дека ќе треба инфлацијата, стапката на инфлација да ја држиме во рамки на онаа во еврозоната. Тоа што имавме стабилен фиксен девизен курс изминатиов период се должеше на една единствена причина, нашата стапка на инфлација беше во рамкиите на онаа во еврозоната со која е врзан денарот“, смета тој.
Инаку универзитетскиот професор Трајко Славески го доби 7 годишниот мандат да раководи на Народната банка. Ќе седне на местото на Анита Анѓеловска Бежоска. Во негова одговорносо се зачувување на стабилноста на денарот, банкарскиот сектор и ставање на инфлацијата под контрола.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар