Ентузијастите садат, дрвосечачите ги крадат дрвјата во околината на Прилеп
Во денешната еко акција за пошумување која се случи во околината на манасторот Свети Димитрија кај селото Селце беа засадени 5.000 садници багрем. Донатор беше Љубен Митрески, кој живее во Скопје, но има прилепско потекло. Мотив за донацијата му била претходната ваква акција која се случи пред 3 недели, кога донатор на 500 садници беше прилепчанецот Диме Велески. Митрески се надева дека овој негов чекор че го следат и други компании и бизнисмени.
„И убаво е да помогенеме кој колку можи, јас сум прилепчанец, имам обврска да направам нешто. Благодарение на овие луѓе тука кои се иницијатори за ова, да ова место се оплемени и биде како што било порано“, истакна Љубен Митрески, донатор на 5.000 садници.
Следејќи го примерот на Велески и Митрески за идната пролет се пријавиле и донатори од Швајцарија со прилепско потекло да дојдат да донираат и да засадат дрвја во околината на Прилеп, затоа што на некои места шумскиот фонд во прилепско и уништен скоро 100% од дрвокрадците и пожарите.
„Многу е потребно обновување на шумскиот фонд тука, затоа што е доста уништено, несовесноста на нашите граѓани е толку голема што ако поседиме уште малку со вкрстени раце за скоро време ќе немаме ни шума“, рече Диме Велески, донатор на садниците во претходната акција.
„Во околината на Прилеп за жал е потребно големо пошумување, не само тука каде што се наоѓа кај манастирот во Селце, туку и во другите региони околу градот, имавмеи оваа година како и другите големи пожари кои уништија доста шума“, додаде Дарко Неданоски, дел од тимот на Златоврв, организатори на акцијата.
Но сите се согласни дека и 500 вакви акции да се напрагат по 5.000 садници џабе ќе биде се ако институциите и понатаму се прават глуви и слепи на невидениот криминал со кражбата на дрва кој се прави тука веќе 30 години.
„Никој нема право да уништува нешто што не е негово, така што јас знам дека тука во Прилеп постои ајде да ја нарешам некаква мафија на која никој ништо не и може, што е штета, но ние сме нели држава, па ако сме држава треба да постои правен поредок“, истакна Митрески, донатор на 5.000 садници.
Акции за пошумување во прилепско се најавени и во наредните викенди се додека за тоа дозволуваат временските услови.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар