ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
Албанија е единствената земја на Западен Балкан во која сите политички партии и актери се проевропски ориентирани, се наведува во извештајот на Европскиот парламент што денеска беше усвоен во Брисел. Извештајот беше усвоен со 502 гласа „за“ и 120 „против“.
Албанија отвори 24 од 33 поглавја од преговорите за членство и го поздравуваме тој брз напредок – изјави известувачот за Албанија, Андреас Шидер, австриски европратеник од редовите на Социјалистите и демократите (С&Д), при дебатата во понеделникот.
Сепак, тој нагласи дека Тирана има уште многу работа, особено во области како што се слободата на медиумите, владеењето на правото, економските и еколошките реформи, како и зајакнување на граѓанското општество.
Иако Албанија е соочена со длабока политичка поларизација, таа се разликува од другите земји во регионот токму по тоа што и власта и опозицијата се цврсто проевропски ориентирани, оценува ЕП. Тоа, според Шидер, е „сила што може да доведе до нови реформи“.
Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави дека Албанија напредува со темпо „без преседан“ и дека „трансформациската моќ на процесот на проширување јасно се гледа токму во Албанија“. Според неа, Албанија и остатокот од регионот остануваат геостратешки приоритет за ЕУ.
Хрватскиот европратеник Давор Иво Стир (ХДЗ/ЕПП), член на Одборот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), изјави дека „Албанија можеби најдобро го искористи геополитичкиот момент“ што повторно ја стави темата за проширување на агендата на Унијата по руската агресија врз Украина.
Видливо е дека од тогаш преговорите со Албанија се забрзани и таа презема водечка позиција на патот кон членството, иако сѐ уште се соочува со бројни предизвици, особено околу владеењето на правото и транспарентноста на демократските процеси – изјави Стир.
Тој додаде дека, статистички гледано, Црна Гора и натаму е во најнапредна фаза со бројот на отворени и затворени поглавја, но, за разлика од Албанија, таму постојат силни политички сили кои го поддржуваат концептот на „српски свет“, што го забавува интеграцискиот процес на Подгорица.
FacebookTwitterCopy LinkShare
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење