ЕСМ: Фотонапонската електрана „Осломеј“ има енергетска, но и еколошка вредност

Панелите поставени врз стариот рудник за јаглен во Осломеј ќе произведуваат „зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност, информираат од Електрани на Северна Македонија.
Од таму додаваат дека фотонапонската електрана на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј во Кичево истовремено е и рекултивација на земјиштето на кое во минатото се ископувал јаглен.
Од тие причини, проектот Фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската и подалечната околина на РЕК Осломеј. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ, е наведено во соопштението.
Ново на Сител
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
