ЕУ го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија.
Во соопштението објавено од Европската комисија, Фон дер Лајен оцени дека договорот треба да овозможи итно повторно отворање на Ормуската Теснина.
Таа изрази очекување дека договорот ќе придонесе и за ставање крај на иранските нуклеарни и ракетни програми.
Калас, говорејќи пред новинарите во Луксембург, каде што денеска заседаваат министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, истакна дека најважен непосреден приоритет е заживувањето на пловидбата низ Ормуската Теснина.
Според неа, следниот клучен чекор ќе биде решавањето на прашањето за нуклеарната програма на Техеран.
Калас додаде дека Европската Унија има значително искуство од претходните нуклеарни преговори со Иран и веќе му понуди на Вашингтон поддршка и помош во натамошниот преговарачки процес.
МИА
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
