ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
Парламентот мора да биде место за демократска дебата во интерес на сите граѓани и мора целосно да ја одигра таквата своја улога, па затоа многу сме загрижени поради нарушувањето на работата на Собранието на Србија и насилството во него, се наведува во денешното соопштение на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) во врска со вчерашните случувања во српскиот законодавен дом.
– Исто така, многу загрижувачки се и неодамнешните случувања во Србија насочени кон граѓанските организации.
Граѓанското општество игра витална улога во развојот на демократско и плуралистичко општество, потенцира ЕЕАС.
Во соопштението се посочува и дека Европската Унија постојано повикува на деескалација на тензиите, преку воспоставување услови за „инклузивен дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни, вклучително и политичките актери, институциите и членовите на граѓанското општество, за да се спроведат реформите неопходни за иднината на Србија во ЕУ“.
Претходно со реакција со слична содржина се огласи и еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Во Народното собрание на Србија вчера дојде до инциденти и насилство, откако пратеници од опозицијата фрлија димни бомби, при што беа повредени три пратенички.
Ново на Сител
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”