ФБИ повторно цел на хакерски напад, овојпат пробивот насочен кон базатa на податоци за криминал

ФБИ истражува можен хакерски напад врз национална база на податоци што ја користат полицијата и другите безбедносни агенции низ САД за споделување информации за кривични дела и осомничени, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од истрагата.
Станува збор за база на податоци на Националниот информативен центар за криминал (NCIC), еден од клучните информациски системи на американските безбедносни служби.
Доколку упадот е потврден, тоа ќе биде втор безбедносен инцидент што ги вклучува системите на ФБИ во изминатите месеци.
Базата на податоци на NCIC ја користат федералните, државните и локалните агенции за спроведување на законот низ САД.
Во неа, тие складираат и разменуваат информации за налози за апсење, криминална историја на поединци и податоци потребни за спроведување безбедносни проверки.
Информацијата за можниот упад е објавена по неколку големи кибер и технолошки инциденти што ги загрижија американските претставници во текот на изминатата недела.
Меѓу нив се глобалниот прекин на системите на „Мајкрософт“ и големите прекини во воздушниот сообраќај во САД.
Можниот упад во базата на NCIC не е првиот безбедносен инцидент во кој е вклучено ФБИ оваа година.
Во септември, хакерската група ShinyHunters, позната по дигитална изнуда, упадна во веб-страница што ФБИ ја користи за регрутирање нови вработени.
За време на тој напад, податоците за сегашните и поранешните вработени во ФБИ беа компромитирани.
МИА
Ново на Сител
-

Психолозите предупредуваат: Промените на расположението на децата се аларм дека нешто се случува
-

Тема на денот со претседателот на РКЕ, Ацо Ристов
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
