Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
Условот на Али Ахмети, според кој идната Влада би се избирала со Бадентерово мнозинство доколку некоја партија коалицира со нив, за лидерот на СДСМ, Венко Филипче е обид за собирање политички поени и исклучиво за политички бенефит за Ахмети.
И СДСМ и ДУИ, по локалните избори, направија значајни промени во партиските раководства. Иако двете партии направија реформи и како што претставија освежување на кадарот, процесите не поминаа без критики од нивните политички опоненти.
Филипче изрази уверување дека СДСМ на следните парламентарни избори ќе ја освои власта, оценувајќи дека партијата направила кадровски избори кои имаат капацитет да управуваат со државата. Во исто време ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека со своите политики ги довела граѓаните до просјачки стап.
Но од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги спорат кадрите кои Филипче ги постави како најблиско раководство. Од Јон Фрчковски, до поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов па се до Жерновски кој според ВМРО-ДПМНЕ, го треселе скандали и партизацијата во времето кога бил градоначалник на општина Центар.
Новите сили на СДСМ се потрошени кадри, кои додека биле на функционерски места ја изневериле довербата на граѓаните, велат од владејачката патија.
Експертската јавност изминатиов период за реформите во двете опозициски партии коментираше дека наместо лидерски повлекувања и суштински промени, ротираа само старо новите имиња на раководсните позиции во партиите.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
