Финансиска полиција со кривична против претседателот на Регулаторна, Бислимовски тврди дека постапките биле законски
Претседателот на регулаторна, Марко Бислимовски, доби кривична пријава од Финансиската полиција. Го сомничат дека ја злоупотребил функцијата и спречил навремено да и биде одземена лиценцата на компанија за трговија со нафта на Љупчо Пецов Ѓаволот, иако фирмата не ги исполнувала условите за работа. Наместо да остане без дозвола, Тритерол Петрол продолжил да работи уште повеќе од една година, да склучува договори и да остварува приходи, а според пријавата, на тој начин била стекната незаконска добивка од нешто над 200 илјади евра.
Спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС (Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024 година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавни набавки.
Претседателот на Регулаторна ќе докажува пред институциите дека се било според законот за енергетика и правилникот за издавање дозволи. Вели не е само оваа компанија, во истиот временски период биле водени и постапки за дозволи и за други фирми исторвемено. Дали се работи за политички притисоци, вели времето ќе покаже.
Фирмата на Пецов низ годините има повеќе кривични пријави, уште во 2022 Регулаторна започнала постапка да и ја одземе лиценцата бидејќи не поседувале резерви на нафта, но потоа следеше кривична пријава дека фалсификувале документи за наводна набавка на резервоари за нафта за да им биде продложена лиценцата.
Кривична пријава финансова им поднесе и за фалсификување на документација за да добиваат тендери, но и за затајување данок. Кривична фирмата имаше и за испорака на нафта во училишта и градинки помалку од тоа што било предвидено со што го оштетувале буцетот на државата.
Пецов е во домашен притвор од минатиот месец за предметот Синџир откако од бегство се предаде на полицијата.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
