Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени
Флекс Кредит доделија речиси 50 ваучери за патување на вработените кои постигнале најдобри резултати за првата половина од 2025 година. Вработени од филијалите, кредитниот оддел и административна поддршка беа наградени со ваучер како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати.
Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш го потврдува значењето што го дава на препознавање и вреднување на трудот и ангажманот на своите вработени. Ваучерите за патување имаат за цел да обезбедат дополнителна мотивација, но и да поттикнат баланс помеѓу работата и личниот живот на вработените.
Ваквиот пристап е дел од пошироката стратегија на компанијата за создавање позитивна и поддржувачка работна средина, каде што се цени индивидуалниот и тимскиот придонес. Флекс Кредит, со над 400 вработени, е еден од најголемите работодавачи во својата дејност во Македонија.
Континуирано инвестира во развој на човечки ресурси преку различни програми за наградување, унапредување и обуки, со што создава услови за професионален и личен раст на секој вработен.
Комерцијален текст
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште