Фон дер Лајен: ЕУ ја продолжува максималната поддршка за Украина

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Европа ќе продолжи да ѝ дава максимална поддршка на Украина и истовремено да го засилува притисокот врз Русија, со целосно европско ангажирање во преговорите за постигнување траен мир.
Обраќајќи се на пленарната седница на Европскиот парламент, Фон дер Лајен рече дека војната мора да заврши поради децата што се родени по почетокот на „руската инвазија и кои не знаат за живот без војна“, се наведува во соопштение на ЕК.
„Руската агресивна војна против Украина веќе трае подолго од Првата светска војна. Децата родени кога руските тенкови за првпат ги преминаа границите на Украина, сега достигнуваат училишна возраст. Оваа војна мора да заврши, заради овие деца“, напиша Лајен на Х објавувајчи го говорот на седницата.
Таа наведе дека Русија во текот на септември и октомври изгубила повеќе територија отколку што освоила, со големи човечки загуби, вклучувајќи повеќе од 50.000 жртви само во октомври.
Како што истакна, Москва ги засилила нападите врз украинските градови и од септември повеќе од 1.000 пати гаѓала инфраструктура, вклучувајќи електрани, системи за греење и водоснабдување.
Фон дер Лајен истакна дека Европската Унија од почетокот на војната обезбедила повеќе од 235 милијарди евра поддршка за Украина, вклучувајќи финансиска и воена помош, како и средства за обнова на оштетената инфраструктура.
Според неа, финансиските потреби на Украина за 2026 година се покриени, но наредната година се очекува финансиски јаз од околу 70 милијарди евра.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
