Фон дер Лајен: Европа е подготвена да работи со Украина и САД за консолидирање на напредокот во мировните преговори

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен информира дека заедно со уште неколку европски лидери синоќа разговарале со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Владимир Зеленски.
– Имавме добар едночасовен разговор за нивниот состанок за мировните преговори. Имаше добар напредок, што го поздравивме, објави Фон дер Лајен на Икс.
Таа во објавата додава дека Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и нејзините американски партнери за да го консолидира овој напредок.
– Најважно за овој напор е да се имаат цврсти безбедносни гаранции од првиот ден, додаде Фон бер Лајен во објавата.
Трамп и Зеленски вчера се сретна во Флорида за да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина. На прес-конференцијата одржана по завршување на средбата доцна синоќа, двајцата лидери истакнаа дека е постигнат напредок кон мировен договор меѓу Украина и Русија.
МИА
Ново на Сител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
