Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани

Фондот за здравство работи на формирање тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени, истакна на денешната прес -конференција во Владата, портпаролката Марија Митева.
Одговарајќи на новинарски прашања и најавата на премиерот Христијан Мицковски дека во Кочани ќе бидат испратени специјални медицински тимови, нагласи дека фокусот е да направат решение засегнатите да добијат најдобра рехабилитација.
- Фондот за здравство најави тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени. Очекувам тоа во најскоро време да се случи, затоа што знам дека Фондот за здравство работи на една таква процедура и дека ќе соопштат во јавноста кога ќе ги испратат тие тимови, на кој временски период, како ќе оди состојбата. Фокусот е да напрaвиме едно решение кое ќе биде континуирано и нема да добие светло во јавноста од аспект на тоа дека нешто се прави, туку да ја видиме суштината од тоа. Се разбира во најбрзо време да добијат засегнатите најдобра рехаблитација во делот на здравството, рече Митева.
Во однос на најавата за проект Кочани 20-30, кажа дека размислуваат како да го спроведат тој проект во соработка со Европската унија.
- Тоа е проект кој ќе значи реконструкција на болници, изградба на нови спортски сали. Кога ќе ги има сите детали претседателот на Владата ќе биде прв кој ќе ја информира јавноста, рече Митева.
Ново на Сител
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
