Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, денеска се обрати на Форумот за безбедност посветен на темата „Инвестирање од 5 проценти во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На настанот учествуваа светски лидери и членови на Конгресот на САД, со фокус на глобалната безбедност и зајакнување на трансатлантската соработка, соопшти собраниската прес служба.
Во своето излагање, Гаши истакнал дека нашата земја останува целосно посветена на НАТО, со убедување дека безбедноста денес е заедничка обврска.
-Северна Македонија придонесува со дисциплина, стои покрај своите сојузници и ги исполнува преземените обврски. Партнерството го докажуваме преку дела, порачал Гаши, додавајќи дека за земјите од Балканот, стабилните институции, инвестициите во одбраната и интероперабилноста се клучни за колективната безбедност.
Гаши потенцирал дека Северна Македонија е лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави, повикувајќи се на пораките за единство на поранешните американски претседатели Џон Ф. Кенеди и Џорџ В. Буш.
МИА
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
