Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен

Претседателот на македонското Собрание Африм Гаши оствари билатерална средба со претседателот на Претставничкиот дом на Кралството Холандија, Том Ван Кампен, во Рим, во рамките на конференцијата на претседатели на парламенти на земјите членки на Советот на Европа.
Како што информираат од собраниската прес-служба, тој ја искористил оваа можност да изрази благодарност за бројните проекти преку кои Кралството Холандија придонесува за демократскиот развој и спроведувањето на реформските процеси во земјава.
Ван Кампен информирал дека во претходниот пратенички мандат ја извршувал функцијата известител во Комисијата за европски прашања за европските перспективи на земјите од Западен Балкан.
- Во таа насока, претседателот Гаши даде поширок осврт на состојбите поврзани со евроинтегративниот пат на државата, како и на потенцијалните предизвици што произлегуваат од одложувањето на процесот на проширување. Потврдена беше стратешката важност на евроинтеграциите и трансформативниот ефект што би го имало отворањето на пристапните преговори врз општеството. Планот за раст и Реформската агенда беа оценети како позитивни чекори во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на државата кон Европската Унија, се вели во соопштението од Собранието.
Двајцата соговорници се согласиле дека постојат можности за унапредување на билатералната парламентарна соработка, како на ниво на пратеници, така и на ниво на парламентарните служби, и покрај тоа што во холандскиот Парламент не постои група за пријателство, каква што функционира во Собранието.
На крајот се заложиле за натамошно унапредување на билатералната соработка во претстојниот период и преку посети на највисоко ниво.
МИА
Ново на Сител
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
