Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување засторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниотплатен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А.
Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд.
„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“ - порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
