Македонија
18. July 2018 - 16:33

Геронтолошкиот завод негира дека е затворен одделот за пациенти со отворени рани, но капацитетот е намален

По информациите дека е затворен Центарот за декубити во Геријатрија и нема веќе домашна посета за третман на болните кои имаат рани по телото од долго лежење од Геронтолошкиот завод “13 ноември “ негираат, но признаваат дека пациентите со декубити ги препраќаат Клинички.

- Пациентите кои ќе побараат специјалистичко-консултативна дерматолошка консултација се прегледуваат од дерматолог и  се упатуваат во соодветна установа.

Бројот на пациенти кои се упатуваат исклучиво за третман на декубити во изминативе месеци е намален и овие пациенти се упатуваат на соодветни Клиники - (Клиника за дерматологија, како и Хирушките клиники - васкуларна и пластична хирургија), каде можат да добијат мултидисциплинарен третман , велат од Геронтолошкиот завод.

Истото ќе го правеле и во иднина зошто како што објаснуваат во соопштението до јавноста нивната основна дејност не била кожно туку интернистичка да се грижат за тешко болни и неподвижни пациенти, а декубитите кај нивните лежечки пациенти соодветно биле третирани.

Инаку специјализираниот Центар за декубити во Геронтолошкиот завод беше отворен во 2011 година. Годишно во него се третирале околу 200 пациенти со рани од лежење. Информацијата за затворањето на Центарот на социјалните мрежи ја искоментира и поранешната директорка Ленче Нелоска

-Центарот за декубити во рамки на Геронтолошкиот завод Скопје се затвора. Во иднина лицата со рани од лежење (декубити) веќе нема да можат да бидат згрижени во посебениот Центар…