Гевгелиската болница ги користи последните места во ковид одделенијата
Ковид состојбата во гевгелија станува загрижувачка. Бројот на новозаразени со вирусот секојдневно се зголемува, а амбулантските прегледи во едно деноноќие достигнуват и до 100 пациенти. Од болницата информираат дека речиси до максималните можности се исполнети и ковид одделенијата наменети за хоспитализација на потешките случаи. Дополнителен проблем им претставува и зголемениот број на позитивни кај медицинскиот персонал.
Во насока на амортизирање на неповолната ситуација, но и подобрување на вакциналниот статус на населението во регионот општата болница иницираше вакцинирање на сите заинтересирани на нивните работни места. За таа цел веќе биле остварени контакти со повеќе компании кои имаат поголем број на вработени. Очекувањата се дека ваквата иницијатива ќе наиде на позитивен одговор од страна на граѓаните со што би требало дополнително да се придонесе за справување со пандемијата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар