Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во првото коло на ИТФ фјучрсот W75 што се игра во францускиот град Андрезио-Бутеон. Таа загуби од првата носителка домашната тенисерка Жесика Понше со 2:0 во сетови (6:4 и 6:1) за еден час и 4 минути игра.
Денешниот меч имаше два различни сета. Во првиот сет имаше повеќе борба и изедначен тек. Французинката Понше поведе со 3:1 во гемови, а Лина успеа да изедначи на 3:3 и во седмиот гем не успеа да реализира брејк-топка за 4:3. Во продолжение на сетот Понше поведе со 5:3, а Ѓорческа со брејк намали на 5:4. Во гемот број 10 македонската тенисерка успеа да спаси една сет топка, но не и втората што значеше 6:4 во гемови и 1:0 во сетови за домашната тенисерка.
Во вториот сет голема борба имаше во вториот гем, кој по 12 поени и припадна на Французинката за водство од 2:0, со што само го најави освојувањето на овој сет, а воедно и победа во мечот.
Турнирот се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Во текот на следната недела Ѓорческа ја очекува настап на фјучрс турнир во Полска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон