Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути.
Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.
Во вториот сет македонската тенисерка ја продолжи серијата со освојување гемови и со претходните три стигна до девет гемови во низа откако вториот сет го освои без загубен гем.
Следна противничка на Македонката е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2:0 ја победи Французинката Џесика Понше.
Ново на Сител
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
-

Владата ќе прогласи кризна состојба, ако ескалираат случувањата на Блискиот Исток
-

Владата да прогласи кризна состојба во Струга поради загадената вода за пиење
