Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, напиша во објава на Фејбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ова, како што поочува скопкиот градоначалник, е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град.
-Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи - луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје. Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении, нагласува тој.
Трагедијата на Холокаустот, како што вели Ѓорѓиевски, е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.
-Затоа нашата должност е да паметиме. Да ја чуваме вистината. И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати. Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани. Нека е вечен споменот на жртвите, посочи Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски во работна посета на САД
-

ССМ повикува на протест во сабота
-

ДУИ: Минималната плата да се зголеми за 3.000 денари
-

Комеморација за четирите загинати ученици во штипското средно медицинско училиште во „Пулс“
-

Малигните заболувања втора причина за смртност
-

Над 20.000 граѓани се очекува да ги искористат бенефитите на новиот Закон за работно ангажирање
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонска делегација на комеморација за Холокаустот на македонските Евреи
