Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
Иако шефовите на криминалните кланови се во затвор, тие сепак даваат наредби за убиства и криминали, утврди Обвинителството за гонење организиран криминал. Шефовите на клановите се менуваат дури по нивната ликвидација, вели поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски. Се дури се живи, независно дали се во затвор или во бегство во друга земја, тие ќе продолжат да даваат наредби.
Да се исчисти скопското подземје е многу тешко, вели Ѓурчевски. Како еден од можните решенија да се стават под контрола криминалците во затворите е да се постави надворешно обезбедување кое нема да биде подложно на поткуп или влијанија. За справувањето со криминалот по улиците, враќање на единицата Алфи.
Доколку членови од криминалните банди соработуваат со полицијата или истражните органи тоа значи дека ќе бидат ликвидирани, вели Ѓурчевски. Таков пример наведе и Обвинителството за гонење организиран криминал, кога за 10.000 евра бил убиен Ибраим Ајдини во август 2020 година, бидејќи членовите на Беланоца се сомневале дека тој ги предал Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои се обвинетите за масакрот кај Смилковското Езеро што се случи во април 2012.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар