Голем интерес за фотоволтаици во Општина Зрновци
Општина Зрновци изработува урбанистички планови и парцијализација на индустриски зони за изградба на фотоволтаични централи. Првиот човек на општината вели дека до месец јули ќе има околу 5 ха земјиште резервирано за оваа намена.
- Станува збор за земјите кое што со дел е веќе во урбанистички план со намена за фотоволтаици, а останатото е пасишта и категорија од 6-та класа на земјиште, согласно упатствата од Влада и соодветните институции, плодното земјиште да се користи за производство на земјоделски производи, изјави Борчо Коцев, градоначалник на О. Зрновци.
Поради енергетската криза, пред 6 месеци беа донесени измените на Законот за градба, со кои, во поедноставена постапка се дозволува изградба на фотоволтаична централа на крововите од индивидуалните објекти со моќност до 40 киловати.
- Граѓаните на општина Зрновци покажаа голем интерес за поставување на фотоволтаици на кровните површини, имајќи во предвид дека самата постапка е доста поедноставна и луѓето можат на побрз начин да ги средат документите. Нема издавање на градежни дозволи од страна на општината, само едно известување од инвеститорот, додаде Коцев.
Локалната самоуправа фотонапонски панели постави на општинската зграда, спортската сала и детската градинка.
- Подготвуваме проектна документација за изградба на магацински простор за потребите на општината и јавното комунално претпријатие и самиот кров ќе биде свртен југоисточно, наменет за идно поставување на фотоволтаична централа, изјави Коцев.
Во договор со ЕВН, на секои 6 месеци ќе се врши порамнување и ќе се знае точната заштеда.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар