Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов изјави дека на терен се веќе 12 пожарникари со четири противпожарни возила.
-Гори висока сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побараме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат со гаснење на пожарот од воздух, вели Ренџов.
Тој посочува дека пожарот е на два километри од селото Селце, но добро е што огнот не оди кон првите куќи во селото, туку се движи кон врвот на планината. Ренџов вели дека екипите се на терен и во текот на ноќта ќе имаат дежурство. Овој дел од планината Серта секоја година гори, а пожарникарите се справуваат со огнените стихии и ги бранат куќите на овие села од огнените јазици.
МИА
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот