Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа

Со засилено темпо продолжуваат активностите за уредување на кејот на реката Вардар, проект кој Град Скопје го спроведува со цел создавање современ и функционален јавен простор достапен за сите граѓани, објави градоначалникот Орце Ѓоргиевски на својот Фејсбук профил.
Според објавата, уредувањето на кејот е еден од клучните приоритети на градската администрација. Градоначалникот потсети дека веднаш по преземањето на функцијата започнало темелно чистење на просторот, со што реката Вардар повторно била вратена во своето природно корито.
Во тек е реконструкција на спортските терени за фудбал, одбојка на песок и кошарка, како и поставување нова урбана опрема и создавање фитнес-зони на отворено. Во рамки на проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што е наведено, ќе бидат целосно ревитализирани.
Покрај уредувањето на терените, на просторот се гради и современа градска плажа, која треба да обезбеди безбедно и уредено место за рекреација и дружење покрај реката.
МИА
Ново на Сител
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
