Македонија
1. January 2026 - 12:31

Градоначалникот Јанков во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби

Градоначалникот на Струмица, Петар Јанков заедно со претседателот на Советот, Никола Маџунков и заменик градоначалникот, Владимир Ристов, синоќа ги посетија дежурните општински служби. Градоначалникот на сите им врачи симболични подароци.

Како што се наведува во објавата на неговиот фејсбук профил, Јанков ги посетил вработените во Центарот за управување со кризи, Полициската станица, Болницата, Стоматологија, Брзата помош.

-Имавме средби и во Заводот Банско, неколку социјални семејства , вработените во Филтер станицата и Пожарната. Посетив луѓе кои со голема одговорност и пожртвуваност се грижат за безбедноста, здравјето и благосостојбата на граѓаните. На сите им поделив симболични подароци кои ќе им служат на работните места. Им благодарам на сите вработени што не познаваат работно време кога е во прашање јавниот интерес и хуманоста. Вие сте силата што го држи градот исправен, дури и кога сите други се подготвуваат за празнување, напиша Јанков.

Се додава дека им посакал на сите Новата година им донесе здравје, мир, повеќе почит и уште повеќе причини за гордост во работата што ја вршат.

 

МИА