Македонија
30. October 2023 - 12:27

Граѓаните на Карбинци бараат да престане експлоатацијата на песок од Брегалница

Коритото на река Брегалница наместо да се средува, интензивно се уништува, обвиниуват револтираните жители од општина Карбинци. Прекумерното исцрпување на песок го спушти водостојот на неколку метри, што предизвика пропаѓање на тлото на нивите и губење на подземните води.

- Уништија ни ги нивите, пропадна реката, имаме пумпи, ама снемува вода. Реката е падната неколку метри надолу. Јас не знам со која дозвола го црпат песокот. “ – изјави Никола Паунов, жител на село Караорман, Карбинско.

- Дури треба и оштета да ни платат, на Министерството и на селаните, зашто селаните овде живеат, тие имаат право, изјави жител на село Караорман, Карбинско.

Согласно договорот треба да се уреди коритото на река Брегалница и само вишокот песок може да се експлоатира за приватни потреби.

- Јас го имам договорот кој е склучен со фирмата која добила дозвола за екплоатација, односно,за уредување на речно корито. Ова е се само уредување на речно корито не е. Пишува тука дека песокот кој се вади од реката треба да остане на парцелата, а тој се вади и тоа по 10 камиони дневно, што се огромни колични на песок кои се изнесуваат од оваа површина. Во Законот пишува дека пред секое уредување треба да се известат граѓаните, жителите, а никој од овие луѓе претходно не е известен – изјави Ангел Михајловски, Советник во општина Штип.

Договорот за уредување трае до јуни следната година. Мештаните стравуваат дека до тогаш нивните ниви и имоти ќе бидат неупотребливи. Засега со блокади ќе се обидат да го спречат исцрпувањето на песокот, а за во иднина најавуваат и порадикални мерки.