Граѓаните почнаа да ги почитуваат термините за вакцинација во Штип
Мирно и без гужви, турканици и нервози е на регионалниот вакцинален пункт во Штип.
Се одвива во една мирна и спокојна атмосфера, без тензии и без конфликти. Тоа се должи пред се што граѓаните денеска го почитуваат редот, односно, доаѓаат во своите закажани термини - изјави Д-р Иле Постолов.
Претходните денови сликата беше дијаметрално спротивна. Повеќето граѓани доаѓаа многу порано од закажаниот термин, пред пунктот не се одржуваше пропишаната дистанца, а имаше и лица кои чекаа да бидат вакцинирани без закажан термин.
За редот надвор од вакциналниот пункт се одговорни самите граѓани. Им се укажува, ги знаат сите правилата, меѓутоа самите граѓани не ја почитуваат дистанцата- изјави Д-р Дијана Коцева - Миланова, одговорна за вакцинација во Штип.
Тоа е дополнителна отежнителна околност во нашата работа и секако дека ни пречи. Во таква една средина, под притисок, секако дека функционираме многу потешко како здравствени работници- додаде д-р Постолов.
За ревакцинација, односно, за втора доза од кинеската вакцина „Синофарм“ пријавени се 16 000 граѓани. Паралелно се одвива и процесот на вакцинација со прва доза од вакцината на „Фајзер“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар