Грчките земјоделци повторно го блокираа граничниот премин Евзони

Земјоделците од северниот дел на Грција, од регионот на Пеонија, кусо по 12 часот по локално време повотрно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што целосно е во прекин сообраќајот за сите возила како за излез од Грција, така и за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Непознато е колку долго ќе трае блокадата на граничниот премин, што беше периодично затворен и вчера и завчера.
Пракса на земјоделците, како и во изминатите години за време на нивните протести, е да не ги најавуваат блокадите, со оглед на тоа што тракторите и земјоделските возила се паркирани на преминот и остануваат таму, а на секојдневни состаноци, надлежните земјоделски комисии одлучуваат кога и на колку време ќе блокираат.
На грчката страна од границата, паркирани се околу 150 трактори и возила.
Земјоделците низ цела Грција имаат поставено блокади, претпладнево се обидоа да стигнат и до граничниот премин Промахонас со Бугарија, каде што успеаја да ја заобиколат полициската блокада, додека пак во областа Тесалија, каде што има блокади на неколку места на автопатот Солун-Атина, вклучени се над 4.000 трактори.
МИА
Ново на Сител
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
