Грција одбележува 52 години од студентскиот бунт против воената хунта - Атина под силни безбедносни мерки

Под силни безбедносни мерки и оваа година е Атина за одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт против хунтата, со ангажирани над 5.000 полицајци за традиционалните протести кон амбасадата на САД, јави дописничката на МИА од Атина.
Денеска кулминираат тридневните церемонии во чест на студентскиот бунт што се смета за симбол на отпорот, демократијата и граѓанските права во Грција.
Како и секоја година, во попладневните часови ќе се одржи протестот од Политехничкиот факултет, односно од местото каде што започна бунтот во 1973 година до американската амбасада во Атина, а повик за учество упатија студентски здруженија, претставници на грчките опозициски партии, синдикати, здруженија на вонпарламентарната левица итн.
За безбедноста во Атина ангажирани се над 5.000 полицајци, дронови и хеликоптер, полицајци во цивил, како и цистерни со топови вода, додека пак затворени ќе бидат пет метро станици во центарот на грчката метропола
Рано утрово, грчкиот претседател Константинос Тасулас положи цвеќе во чест на борците против хунтата и порача дека денес, 52 години подоцна, гласот на студентскиот бунт „што ја разниша диктатурата со слоганот „Леб, Образование, Слобода“, станува должност за демократската држава: за напредок, образование и стабилни институции“.
Протести освен во Атина ќе се одржат и во други грчки градови.
МИА
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
