Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“ на 13 октомври треба да излезе од домашен притвор, бидејќи тогаш истекува максимално предвидениот законски рок на оваа мерка. Неговата одбрана во меѓувреме доставила барање до судот за укинување и на дополнителните мерки на претпазливост, а како гаранција дека тој ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка, е понуден недвижен имот вреден 335.707 евра.
На Артан Груби, покрај куќниот притвор, му е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница.
- Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година. Воедно, покрај мерката куќен притвор, против обвинетиот е определена и дополнителна мерка на претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, која ќе продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена. Во однос на оваа мерка на претпазливост, одбраната до Судот достави предлог, со кој, согласно член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со определување гаранција. Имено, одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста, информираат од Основниот кривичниот суд - Скопје.
И председателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска синоќа потврди дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од 13 октомври ќе се брани од слобода како обвинет во случајот „Државна лотарија“.
- Единствено што можам со сигурност да кажам е дека без оглед на одлуката (на судот), истата ќе ја дочека на слобода. Притворот на Груби ситекува на 13 октомври. Лицето ќе продолжи да го следи процесот и да се брани од слобода, рече Димовска во гостување на поткаст.
Артан Груби е обвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинението против него и уште седум лица беше поднесено на 13 август 2026 година.
Груби на судењето кое е во тек се изјасни како невин.
МИА
Ново на Сител
-

Привремено одложена имунизацијата со БСЖ вакцината против туберкулоза поради несакани реакции во Хрватска
-

Остри реакции по најавата на Комората за кратење на празниците - против и МПЦ-ОА
-

Правилникот за боледување усвоен на УО на ФЗО - нема кратење на денови туку промена на медицинските критериуми
-

Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
-

Фехми Стафа: „10 години ќе лежам, ама нема да лажам дека парите се за Ѓоко“
