Груевски во увид на изградбата на канализациона мрежа во о. Ѓорче Петров и реконструкција на улиците
Три населени места во Ѓорче Петров до наредната пролет ќе добијат канализациона мрежа. Во Волково, Кисела Јабука и Стопански двор интензивно се работи нејзина доизградба во должина од 22,4 километри. Инвестицијата е околу 560.000 евра. Заедно со министерот за транспорт и градоначалникот на општината увид во градежните активности изврши и претседателот на ВМРО ДПМНЕ.
Ветувањето за доизградба на канализациона мрежа во трите населени места беше дадено за време на теренската посета на почетокот на септември 2015 година.
Во меѓувреме во општината Ѓорче Петров се работи на реконструкција на улици зафатени од поплавите.
Дополнително во истата општина преку буџетот на министерството за транспорт и врски ќе се врши реконструкција на уште три улици во вредност од 15 милиони денари.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
