Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите

Итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во МЖСПП, денеска се одржа во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
На средбата министерот Муамед Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.
-Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозоволи. Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација, соопшти МЖСПП.
Министерот Хоџа на средбата, како што се посочува во соопштението, нагласил дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање повика на соработка и партнерство од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.
МИА
Ново на Сител
-

Коалиција Сите за правично судење: Судството стагнира во последните 4 години
-

Владата нема проблем со дислокација на цементарница Усје
-

Нови 120 возила за македонската полиција
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
-

Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
