Македонија
17. May 2018 - 18:08

Идниот месец треба да биде усвоена национална стратегија за деинстутиционализација на установите кои згрижуваат деца

За 9 години во државата нема да има домови за деца без родители и установи за згрижување лица со физичка и интелектуална попреченост. Штитениците на државата ќе бидат сместувани во стамбени домови или згрижувачки семејтва. Ова се планира да се реализира со националната стратегија за деинституционализација која треба да биде усвоена во јуни.Според министерката Царовска целта е овие лица кога ќе излезат никогаш повеќе да не се вратат во институцијата.

- Важно е да се потенцира е дека големите и гломазни институции немаат квалитет едно дете или лице да живее во соодветни услови. Затоа треба да се префрли топката во помали единици или фокусот да се даде на згрижувачки семејства кои ќе ги поддржуваме за да ги дадат и развијат потенцијалите кај децата и лицата за да се вклучат во општеството и да и да придонесуваат во развојот на заедниците во кои живеаат, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Според експертите процесот на деинституционализација комплексен и не е само техничка работа.

-Тоа е комплексен процес што треба да ја промени положбата на лицето кое било во институции или во ризик на институционализација за да излезе од улога на корисник и се вклучи во општеството и да почне самостојно да живее во заедницата преку помош заедницата и службите за поддршка, изјави проф. Вито Флакер од Словенија, тим лидер за техничка поддршка за процесот на деинституционализација во Р.М

Во 2017 година во Институции биле згрижени над 460 деца без родители и лица со попреченост.